Садику вели дека пратеникот Кастриот Реџепи воопшто не изгледал како да се решил своеволно да отсуствува од седницата.
– Тој доброволно се потпишал во иницијативата и како што изјавија од неговата партија стоел на ставот. Ова е лошо сценарио и лоша слика за државата. Во видеото не изгледаше добро, изгледаше како да е под присила, истакна Садику.
Тој нагласи дека потребни се предвремени и брзи парламентарни избори кои се единствено решение за излез од оваа криза во која се наоѓа државата.
– Време е ДУИ да замине во опозиција, затоа што ако остане на власт ќе продолжат насилствата. Единствено решение на сите граѓани ни е да се организираме и да им кажеме дека е доста. Ова што се случува не е нормално. Сега е потребна техничка влада која ќе има единствена задача, а тоа е да организира избори за излез од оваа ситуација, потенцираше Садику.