„Нема да се кандидирам за реизбор на следните избори во Велика Британија“, напиша денеска на Твитер поранешниот британски министер за финансии и кандидат за претседател на Конзервативната партија, Саџид Џавид, пренесуваат британските медиуми.
Следните избори во Велика Британија се планирани за 2024 година.
Џавид, поранешен банкар и голем застапник на либерализирање на пазарот, имаше неколку позиции во британската Влада и е ценет функционер меѓу членовите на Конзервативната партија.