Ние сме на локални избори, но од нив ќе зависи многу како ќе живееме, дали ќе ја делегитимираме оваа власт. Треба да им кажеме не, да и кажеме не на оваа власт, рече генералниот секреатр на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на митингот во општина Долнени.

Според него на овие избори треба сите да излезат и силно да се спротивстават на оваа власт.

„Оваа власт најлошо се справи со короната, имаме скоро 7 илјади жртви, најлоши сме во се. Од овие избори треба да пратиме порака на оваа власт дека не може вака да работи. Секој треба да излезе и да ја спречи оваа власт во ваквото работење“, рече Сајкоски.

Следниов период рече Сајкоски, треба да донесеме нови проекти.

„Во следниот период ни требаат победи, а не порази, затоа на 17 октомври треба да гласаме за број 7. Оваа е шанса е за Македонија, за граѓаните, ова е шанса за одење напред, ова е шанса да се казнат политиките на власта на Зоран Заев“, рече Сајкоски.