Ве повикуваме на 8-ми мај да излезете масовно, достоинствено и демократски. Не дозволувајте вашиот глас да биде злоупотребен или погрешно употребен од страна на структури кои сакаат да направат штета на цела држава, на нашата Македонија, истакна Ѓорѓија Сајкоски, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5.
Ве повикувам да излезете за да донесеме стабилна влада, функционални институции. Вашата излезеност ќе значи да има поголема борба против корупцијата и криминалот, да се вклучите во изградба на државата, да имаме стабилна и функционална влада, истакна тој.
Сајкоски денес им се обрати на граѓаните на Струга и ги повика да излезат во што поголем број на 8-ми мај.
Ве повикуваме на 8-ми мај да ја дадете поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија” за да донесеме држава во која може да се живее, посочи тој.