Министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил објави дека денеска ги посетил пациентите во ковид – центарот во Општата болница во Велес, во рамки на неговата посета во таа здравствена установа и им посакал побрзо закрепнување.
– Продолжуваме одблизу преку ваквите посети и во останатите ковид – центри да им дадеме поддршка на здравствените работници за натчовечките напори, пожртвуваноста и борбата за секој човечки живот. Заедничка цел е зголемување на опфатот со вакцинација и почитување на превентивните мерки, напиша Сали.