Министерот за здравство, Беким Сали потенцира дека здравјето на граѓаните нема цена и тоа не зависи од цената на здравствената услуга.
-Било да е тоа 500 или пак 5 денари, одговорност мора да има. Тоа беше мојата идеја и мојот став. Се друго е само толкување, објави Сали на социјалните мрежи.
Неговата реакција доаѓа откако претходно на прес-конференција за случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“ како одговор на новинарско прашање, министерот истакна „да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите“.