Во гостувањето, Салиу ги повтори тврдењата дека во случајот на лицето кое беше претепано во Струмица среде бел ден, изговорот на надлежните се заснова врз нешто за кое нема докази. Тој ги повика надлежните да ги објават снимките од казиното, за да се види дали на претепувањето претходело проблематично однесување од страна на тепаниот во самото казино. Но дури тоа и да е така, вели, постојат други методи за справување.

– Ова што го кажуваат многумина, дека се’ започнало во казиното, воопшто нема индиции дека така се случило делото. Дури и ако имало нешто во казиното, некое лошо постапување од тепаниот, не може банда од 15 луѓе да трчаат по него низ самиот центар на Струмица и да го тепаат. Они имаат телефони и можат многу лесно да повикаат полиција и обезбедување. Понатаму, нема казино каде што нема обезбедување и камери. Нека се презентираат доказите, дека претепаното лице стварно сторило некакво дело претходно. Го гледав начинот, како крвнички е претепан, дури и да се случило нешто, повторувам дека требале да пријават во полиција, а не да го тепаат кривично во центарот на градот.

Како што додаде, се работи за уште поголемо кривично дело, со самиот факт што еден од тепачите е член на обезбедувањето на Зоран Заев.

По укажувањето дека обезбедувањето во казиното работат на црно, без лиценци и дозвола за вршење на дејноста, Салиу истакна дека тоа само ја влошува ситуацијата, па се надоврза дека делото воопшто не помага при интеграцијата во Европската Унија, која како еден од условите го поставува добриот однос помеѓу етничките заедници.

– Ги читав овие информации, доколку сакаме да имаме правна држава, кој е еден од условите за Европската Унија, но еден и условите беше да постојат добри меѓуетнички односи. Јас не гледам вакво претепување . Очекувам овој случај државата да го разјасни и расветли, да се вклучи Јавното обвинителство, Министерот за внатрешни Спасовски да биде објективен, бидејќи најголем дел од Ромите гласале за СДСМ, што би значело дека тие гласале за своите тепачи, додаде Салиу.