Американскиот претседател ја презема целосната одговорност за се што се случува во Авганистан и за одлуките донесени од американската Влада. Претседателот презема одговорност не само за одлуката за повлекување на американските војници од Авганистан, туку и за „целиот хаос што настана за време на евакуацијата“, како и за сето „крвопролевање што се случува во моментов во Авганистан“.

-Прво, би сакал да кажам дека кога одлучивме да ги повлечеме американските војници, бевме добро свесни дека постои можност талибанците да ја преземат контролата врз Авганистан. Но, никој, дури ни претседателот Бајден, не очекуваше дека ова ќе се случи толку брзо , рече Саливан.

САД може да воведат санкции и целосно да го изолираат Кабул од меѓународната заедница со цел да ги принудат талибанците да ги почитуваат своите обврски за ситуацијата во Авганистан, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа