Барањето за повлекување на предлогот за кратење на буџетот за филмска дејност во тековната година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата за филм продолжува да биде главна тема кај уметниците. Над 70 режисери досега се побунија за скаратените средства, а за оваа „голгота“ на филмските работници денеска говореше и продуцентот Томи Салковски во директно соочување со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.
По некои неформални податоци што ги добија нашите колеги дознавме дека со ребалансот на министерството за култура се планира кратење за средствата од Министерството за култура наменети за филм преку агенцијата за филм. Се собравме, се закажа состанок. Членовите инсистираа да бидат само продуценти и режисери бидејќи се првата најзасегната страна. За првпат по долго време се јавија 70 режисери во оваа група. Сите имаме иста борба и иста желба да создаваме повеќе филм. Немаме партиска определба и имаше 100 отсто единство. Добивме информации, секој што можеше да провери и прво се „сипавме“ на Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм и отидовме кај него. Тој се одбрани ни извади некакви документи дека ги побарал парите, но не му биле префрлени. Во неформални разговори тој дознал дека парите ќе бидат скратени., започна Салковски.
Салковски објасни како оди постапката. Агенцијата за филм поднесува барање, а министерката го одобрува трошењето на средствата. Тој додава што се случило кон директорот на Агенцијата за филм.
Лазаревски го поднел барањето на 30 август, но добива само 3 милиони од бараните 10 милиони денари. Најгласни беа оние кои сега треба да почнат со снимање. Станува збор за филмовите на Унковски и Волкашин. Филмовите секогаш се снимаат во септември и октомври поради должината на денот. Има и други копродукции чии меѓународни снимања се поддржаа. Обврзани сме да ги снимиме., потенцира Салковски.
Салковски упати барање до министерката Бисера Костадиновска Стојчевска министерката за култура им бидат вратени средствата, додека таа пак во директно соочување со него вели дека станува збор за дезинформација.