Родителите се загрижена откако инфекцијата со салмонела почна да „коси“ по скопските училишта, конкретно во Општина Карпош.
Дури девет ученици од три скопски училишта се пожалиле на следниве симптоми: главоболка, треска, грчеви во стомакот, пролив, гадење или повраќање.
Од Центарот за јавно здравје информираат дека од „Војдан Чернодрински“ се заразени три ученици, од „Владо Тасевски“ пет, а ваков случај има и во „Јан Амос Коменски“.
Родителите по вибер групи и на фејсбук статуси ја споделуваат загриженоста за нивните деца, а од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека се на терен и дека се работи на решавање на проблемот земајќи се брисеви од сите работни површини.
До сабота се очекува да има резултати од брисевите. Од Општина Карпош веќе презедоа мерки за расчистување на овој случај и затворање на школските кујни.