Белгискиот пратеник во Европскиот парламент, Ги Верхофштад, го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан дека „нема ни пристојност да му аплаудира на лидерот на нацијата која беше збришана од Русија“.

Поранешниот белгиски премиер и поранешен лидер на либералната алијанса во Европскиот парламент, заедно со гореспоменатите обвинувања, објави и видео на кое украинскиот претседател Володимир Зеленски му аплаудираат лидерите на ЕУ, додека Орбан се воздржува од аплауз.

„Духот од 1956 година го напушти унгарскиот режим засекогаш“, напиша поранешниот белгиски премиер на Твитер, мислејќи на Унгарската револуција од 1956 година, во која земјата се крена против доминацијата на Советскиот Сојуз врз унгарската влада. Инаку, Зеленски денеска допатува во Брисел за да учествува на самитот на лидерите на ЕУ и да се обрати пред претставниците на Европскиот парламент.

Унгарија претходно ги критикуваше санкциите на ЕУ против Русија за инвазијата, тврдејќи дека тие не успеаја значително да ја ослабат Москва и дека всушност ризикуваа да ја уништат европската економија. Исто така, Унгарците одбија да испратат оружје во Украина. Орбан беше критикуван минатата година затоа што носеше шал на фудбалски натпревар на кој беше прикажан дел од украинска територија како дел од Унгарија.