Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, 17 за возење под дејство на алкохол, 17 за управување возило без возачка дозвола.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека ќе продолжат со засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.