Полицијата денеска приведе поранешна ученичка во гимназијата „Руѓер Бошковиќ“, која со нож повредила ученик и наставничка во тоа училиште во Белград, јавуваат медиумите.
Како што изјави за порталот N1, девојчето родено 2007 година, со нож им нанела расекотини на ученикот и наставничката од тоа училиште.
Поранешната ученичка самоиницијативно се отпишала од училиштето, пренесуваат српските медиуми.
Во средата наутро осум деца и еден чувар беа убиени во вооружен напад на четиринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.
Во тој напад биле повредени шест ученици и еден наставник, а напаѓачот е уапсен.