Околу два и пол месеци по нивното признавање од страна на Русија, самопрогласените источноукраински народни републики Доњецк и Луганск номинираа амбасадори во Москва, пренесе ДПА.
Проруските сепаратисти од Доњецк најавија дека нивните интереси во Москва во иднина ќе ги застапува политичарката Олга Макеева, додека Луганск во Москва ќе го испрати поранешниот новинар Родион Мирошник, кој пред години работеше за тогашниот украински претседател Виктор Јанукович, кој тесно беше поврзан со Русија.
Три дена по признавањето на отцепените републики, рускиот претседател Владимир Путин нареди напад врз Украина. По неуспехот да го освои Киев, руските воени напори сега се фокусираат на зајакнување и проширување на руските сепаратистички области во источна Украина, пренесува ДПА.