Поддршката на НАТО за Украина е нераскинлива и рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите цели во земјата што неговите сили ја нападнаа на 24 февруари, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.
Војната во Украина и барањата на Финска и Шведска да се приклучат на одбранбениот сојуз ќе доминираат на самитот на Алијансата во Мадрид од 28-ми до 30 јуни, чиј домаќин е Санчез.
„Силната поддршка за Украина е единствениот начин да се осигураме дека Европа и светот што го изградивме имаат сигурна иднина“, рече Санчез на настанот по повод 40-годишнината од членството на Шпанија во НАТО.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на истиот настан изјави дека „студена експлозија на конфликт“ ќе го засени историскиот самит.
Столтенберг денеска во Мадрид рече дека НАТО е подготвен „да ја брани секоја педа од сојузничката територија од каква било закана од која било насока“ и да ја поддржи Украина во зачувувањето на нејзиното „право на самоодбрана, содржано во повелбата на ОН“.
-На самитот во Мадрид ќе трасираме пат за следната деценија, ќе ги прилагодиме нашето одвраќање и одбрана за поопасен свет, рече шефот на НАТО.