Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека односите меѓу Шпанија и Соединетите Американски Држави треба да се засноваат на лојална соработка, а не на конфронтација, во време кога меѓу двете земји се појавија несогласувања околу војната на Блискиот Исток.
Санчез повторно ја критикуваше воената операција против Иран, во која учествуваат САД и Израел, оценувајќи дека станува збор за сериозна грешка.
„Оваа војна во Иран, според мене и според мислењето на Шпанија, е исклучителна грешка за која ќе платиме“, изјави шпанскиот премиер.
Тензиите меѓу Мадрид и Вашингтон се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше Санчез поради одлуката Шпанија да не им дозволи на американските сили да користат две воени бази на нејзина територија како дел од операцијата против Иран.
Шпанскиот премиер нагласи дека нападот врз Иран не е во согласност со меѓународното право и предупреди дека ваквите потези можат дополнително да ја дестабилизираат ситуацијата во регионот
