На гостувањето на „Туфаб“, Сандра Булок откри дека нејзиното најголемо каење во кариерата е филмот „Брзина 2“ (Speed 2).
– Сè уште ми е непријатно што бев (глумев, з.п.) во тој филм. Се вика „Брзина 2“. Секогаш сум прилично гласна за тоа. Нема смисла – бавен брод, бавно оди кон остров!, се потсети глумицата.
Ѕвездата од далеку поуспешниот прв дел од „Брзина“ (1997), Кијану Ривс не глумеше во продолжението. Пред неколку години, тој во интервју откри дека се откажал од улогата, отприлика – од истите причини.
Сандра Булок деновиве го промовира својот нов авантуристички филм „Загубениот град“ (The Lost City), во којшто глуми покрај Ченинг Тејтум,, Бред Пит, Даниел Ретклиф и други. Киноприкажувањата се закажани за задутре – 5 март.