Како што соопшти ПОЦ, во периодот од 11 до 17 октомври 2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на претпријатието отстранети се 73 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 68 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

– За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштението.