Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден во спроведена зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија, за брзо возење биле санкционирани 112 возачи. Од нив две возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 54 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 58 надвор од населено место, велат од полицијата.

Од МВР потенцираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од Министерството за внатрешни работи.