Санкционирани се 123 возачи во Скопје во тек на вчерашните контроли во областа на сообраќајот.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека од вкупно изречените 124 мерки, девет се за возење повеќе од дозволената брзина, исто толку за возење без возачка дозвола, две на возачи под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.