Полицијата во сообраќајни контроли на подрачјето на Град Скопје изрече 131 меркa, меѓу кои 20 за возење повеќе од дозволената брзина, 17 санкции за возење без возачка дозвола, а четири за санкции за некористење на сигурносен појас.

Како што информира МВР, во вчерашната акција се изречени пет мерки за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 11 санкции за нерегистрирани возила, седум санкции за управување под дејство на алкохол…

Од Министерството најавуваат дека продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.