-Од вкупниот број санкции, 24 се изречени за возење без возачка дозвола, 13 за недавање предност на пешаци, десет за возење повеќе од дозволената брзина. Изречени се осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за возач почетник, шест прекршоци што ги чинат пешаците, 28 мерки за непрописно паркирање, информира МВР.
Од Министерството додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат на почитување на сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.