На територија на Град Скопје вчера се изречени вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат,изречени се и три мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал, 47 за непрописно паркирање.

Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.