Полициски службеници вчера при акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Битола, ПС Ресен и ПС Македонски Брод, регистрираа 15 прекршоци.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, најголемиот број од прекршоците се регистрирани на подрачјето на Битола – 10, на подрачјето на Ресен – 4 и една на подрачјето на Македонски Брод.
За време на контролата возачи биле санкционирани и за 24 други прекршоци.
Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.