– Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 210 возачи.

Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 72 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.