Полициски службеници во текот на минатата ноќ во периодот од 22.00 до 03.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведоа акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол, при што се констатирани и законски санкционирани 24 прекршоци, информира МВР.

– Притоа, најголемиот број од нив се на подрачјето на Битола – 14, на подрачјето на Прилеп – 6, на подрачјето на Ресен – 2 и по една на подрачјето на Демир Хисар и Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 26 останати прекршоци, се наведува во соопштението.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението.