На територија на Скопје вчера се изречени вкупно 279 мерки, меѓу кои за недавање првенство на минување на пешаци 110, за непочитување на брзината на движење 30 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, и 46 санкции за прекршоци направени од пешаците.

Изречени се осум санкции за зборување на мобилен телефон, две мерки за неносење на сигурносен појас и две санкции за управување под дејство на алкохол.

МВР соопшти дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.