Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност, а двајца возачи кои одбиле алкотестирање (ТЕ) со глоба од 500 евра.Покрај тоа, на сите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци.
Апелираме до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол со што ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел заеднички да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата.