Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа од 23.00 часот на 11.06 до 05.00 часот на 12.06.2022 година, спроведена е засилена акциска контрола на СВР Скопје за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол каде што се санкционирани 30 возачи.
– При контролата констатирани и законски санкционирани се 30 возачи. Тие се веднаш исклучени од сообраќај и ќе бидат соодветно санкционирани. За време на контролата биле санкционирани и 26 останати прекршоци, информираат од МВР.
Оттаму апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.