На територијата на Скопје во изминатото деноноќие се санкционирани 329 возачи од кои 81 за брзо возење. Исто така, изречени се и 18 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за поминување на црвено, пет мерки за нерегистрирани возила.
„Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 329 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 81 санкција, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз. Изречени се 18 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила, 10 санкции за некористење сигурносен појас…“, информираат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.