Во сообраќајна полициска контрола вчера на територија на Скопје биле казнети 352 возачи, од кои 108 за возење со брзина поголема од дозволената.
Како што информира МВР, 28 санкции се изречени за возење без возачка дозвола, 32 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
-Изречени се три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 20 санкции за користење мобилен телефон при возење, 14 мерки за некористење на сигурносен појас…, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.