Вкупно 377 возачи се казнети за брзо возење во текот на вчерашниот ден во акцијата на Министерството за внатрешни работи спроведена на територија на цела држава.

Како што соопшти МВР, 21 возило се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, 185 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 192 надвор од населено место.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, информираат од МВР.