МВР информира дека денеска во периодот од 09.00 до 13.00 часот била спроведена засилена акциска контрола на територијата на СВР Скопје, при што биле санкционирани 38 пешаци.
-За време на контролата регистрирани се и 22 останати прекршоци, велат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.