Полициски службеници од СВР Куманово вчера спровеле акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.
Од полицијата посочија дека сообраќајните контроли ќе продолжат и наредните денови и апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.