Министерството за внатрешни работи при вчерашната засилена акциска контрола санкционира 94 возачи кои не застанале на пешачки премин. Од нив, 42 биле на територија на СВР Скопје, а 14 на територија на СВР Битола.

При акциската контрола се санкционирани и 125 други видови сообраќајни прекршоци.

-Продолжуваат засилените акциски контроли. Возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, но и пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин зашто непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, апелира МВР.