Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата, при што санкционирани 162 возачи, кои се возеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Едно возило се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.