Во Германскиот Парламент за еден час ќе се гласа резолуција за улогата или зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ. Многу граѓани изразуваат страв дека ќе го изгубат јазикот, идентитетот и историјата. Ние не можеме да кажеме што треба да направат Бугарите, меѓутоа германскот Парламент може да ви вети пријателство и ви ветуваме дека германскиот Парламент го признава македонскиот идентитет, јазик и историја.

Ова го истакна вечерва специјалниот претставаник на Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин во обраќањето на официјална сесија за отворање на Третиот Преспа форум за дијалог која е со наслов „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“.

-Дали е ова гаранција, дали Германија некогаш не го исполнила своето ветување? Ова е ветување дека ние ве поддржуваме и стоиме секогаш зад вас во вашите напори за зачленување. Северна Македонија е пример за оваа улога за почитување на различностите, на темелните европски вредности.Вечерва Германскиот Парламент ќе го потврди ова и ова е многу важно, порача Сарацин.