Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска пристигна во затвор во Париз за да почне со отслужување на петгодишната казна. Претходно толпа поддржувачи се собраа пред домот на Саркози во луксузен париски кварт.
Саркози им мафна, а потоа влезе во својот автомобил. Стотици поддржувачи аплаудираа и скандираа „Никола, Никола“ и ја пееја француската национална химна. Две француски знамиња беа закачени на блиската ограда, со натписи: „Храбро Никола, врати се наскоро“ и „Вистинската Франција е со Никола“.