Конечно разврска на случувањата во Судскиот совет на вонредната денешна седница. Со тоа, Сашко Ѓоргиев стана нов претседател на Судскиот совет.
Со 8 гласови за и 4 против доцна попладнево Сашко Ѓоргиев стана претседател на Судскиот совет. За него гласаа осум члена на Судскиот совет, а четворица беа против.
Вонредната седница на Судскиот совет била закажана за денеска попладне во 16,30 часот, а на седницата се разговарало главно за меѓучовечките односи. Преовлада мислењето дека сменетата претседателка на Судскиот совет Весна Дамева многу допринела за ваквата состојба.
„Се отвори прашањето дали во една таква атмосфера Судскиот совет може нормално да работи. Мислам дека донесовме правилна одлука со нејзината смена и сега може да продолжиме со работата во една нормална атмосфера и со интегритет“, изјави Ѓоргиев по изборот.
Дамева не беше пристна на денешната седница.