Постои основано сомнение дека лицата на возраст од 19 до 42 години, на 12 ноември, влегле во куќата на едно оштетено лице на улицата „Морава“ и во група извршиле грубо насилство.

Со употреба на секири, ножеви, рачки од секири и други тврди предмети започнале да ја демолираат куќата, а на едно од присутните лица во домот му нанеле убодна рана со нож.

Физички ги нападнале и другите присутни во домот, со тупаници, клоци и тврди предмети, нанесувајќи им телесни повреди и предизвикувајќи чувство на несигурност и страв.

За сите осомничени јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлози за определување мерка притвор.​​