СДС денес удри по Трудовиот инспекторат, токму во момент кога оваа институција, заедно со Пазарната инспекција, конечно започна да се бори против картелите кои со месеци ги зголемуваа цените во малопродажбата до енормни нивоа.

Резултатот? Народот сега плаќа повисоки цени во продавниците, аптеките, салоните и сите останати малопродажни ланци, а СДС и ДУИ со години го толерираа тоа.

СДС денес јасно покажа на чија страна стои – не со народот, туку со картелите!

Лицемерието на СДС излезе на виделина

Додека ВМРО-ДПМНЕ се бори за пониски цени и против монополите што ги угнетуваат граѓаните, СДС отворено застана во заштита на тие што ги празнат џебовите на народот.

Народот гледа, народот знае. ВМРО-ДПМНЕ е со граѓаните, СДС е со картелите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ