Сашко Митовски, за вчерашниот пожар во Крива Паланка, искажа јавна благодарност до надлежните институции, но и до претседателот Мицкоски за навремената реакција и поддршка.

Филипче треба да е свесен дека пожарите се гаснат со добра координација, работа на надлежните институции и план. Зошто Филипче, како и неговиот колега од Крива Паланка, не ја поздрави навремената реакција на институциите и заштита на поголема катастрофа?

Филипче единствено што знае е да критикува без аргументи. Да ги потсетиме граѓаните, дека кога тој беше дел од власта, заедно со Зоран Заев кога Македонија беше во пламен, тие беа на грчките плажи.

Затоа СДС и Филипче немаат кредибилитет да зборуваат за пожарите, бидејќи 7 години не им текна да обезбедат ЕДНО возило за борба против огнените стихии.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ