Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје. Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните. Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните.
