ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција кон СДС: „Наместо на прес-конференции, треба да одат на обвинителна клупа“

Во соопштение упатено до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ остро возврати на обвинувањата од СДС, посочувајќи дека нивните настапи се темелат на, како што велат, неосновани тврдења и клевети. Од партијата порачаа дека комуникацијата на политичкиот конкурент е деградирана и лишена од аргументи, притоа обвинувајќи дека зад тој стил стои „рака“ која, според нив, доаѓа од поранешниот лидер на СДС.

Во реакцијата стои:

„Почитувани,

Дали Венко Филипче уценувал студентки како професор барајќи неморални услуги за оценки-Можеби за ова има докази, а можеби и не. Вака отприлика звучат обвинувањата на СДС кои секојдневно ги адресираат, без докази, без аргументи и само со расфрлање на пердуви.

Ниската комуникација без аргументи единствено е својствена за Зоран Заев за кои е само непознато дали им ги праќа напишаните соопштенија на маил или од Струмица ги испраќа со автомобил на USB до Бихаќка. Многу „јаката афера“ на СДС заврши со јавно објавување на некаков телефонски број и тоа им е главниот доказ, што е голема срамота. Ги молиме за поголема сериозност и концентрација.

Трговецот од Горни Милановац нема да ја направи победничка партијата со тоа што ќе измислува и креира клевети. Очигледно СДС не научи ниту една лекција од поразот, туку Филипче реши да оди во длабокото, каде ќе се удави.

Наместо на лажливи прес-конференции тие треба да одат на обвинителна клупа. Љупчо Коцевски нема вечно да ги штити и Заев и Филипче. Ќе има одговорност за ова.“