Следење и прислушкување пет години
ВМРО-ДПМНЕ реагираше откако СДС призна дека во изминатите пет години го следеле и прислушкувале лидерот на опозицијата, како и новинари и бизнисмени.
Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека првично партијата тврдела дека нема прислушкување, но сега ја променила приказната за 180 степени, нудејќи необосновани тези за содржината на материјалите.
„СДС призна две работи. Прво, дека го следеле и прислушкувале претседателот Мицкоски. Второ, дека иако го следеле и прислушкувале пет години, не нашле ништо спорно ниту противзаконски, а да имало, одамна ќе отвореле постапка“, рече Петрушевски.
Тој додаде дека ова признание покажува дека целиот државен апарат бил ставен во функција за продолжување на владејачката моќ на СДС.
„Јавното обвинителство не смее да молчи. Очекуваме акција и разрешница“, нагласи Петрушевски.