СДС создава хаос, во МВР снемува обрасци за патни исправи, рокот за промена да се пролонгира.
Според информациите кои ги имаме во МВР има само 40.000 обрасци, а набавката на нови е во март. Спасовски свесно ја остава МВР без обрасци, за народот да се револтира и на минусни температури во редици да чека пред пунктовите на МВР.
Рокот за промена на патните исправи е целосно неразумен, затоа што до сега се сменети само половина од патните исправи на граѓаните, а другата половина не ни поднеле.
Народот не смее да пати заради неспособноста на Спасовски и Ковачевски, и заради тоа ВМРО-ДПМНЕ апелира рокот за промена на биде продолжен, во таа насока ќе поднесеме и претставка до Уставниот суд за изрекување на времена мерка за ставање вон сила на одредбата од законот за патни исправи која се однесува на крајниот рок на промена.
Заради Ковачевски и Спасовски народот е во паника, и се создава хистерија. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.