Партијата претходно вршеше истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини, а потоа следуваа постапките во самите општински органзиации.
Објавата на првите 20-ина кандидати се очекува да следува по одржување на седница на партиското раководство.
Според СДСМ, партијата води со 21,7 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ со 19 отсто, според анкета нарачана од партијата. Другите анкети пак, спроведени или нарачани од опозицијата, говорат за неколку процентна предност на опозицијата пред СДСМ.
Партијата има 562 кандидата за градоначалници и 4.530 кандидати за советници, според она што претходно го кажа генералниот секретар Љупчо Николовски.