Максим Димитриевски и Горан Стојковски – Диро ќе одат во вториот круг за избор на градоначалник на Куманово

Според најновите резултати на Државната изборна комисија, кандидатот Максим Димитриевски освои 16.183 гласови, додека независниот кандидат Стојковски Диро доби 5.946 гласови, при обработени 98,80% од избирачките места.

Димитриевски: „Граѓаните ја препознаа нашата визија“

„Ако има втор круг, ЗНАМ дефинитивно ќе биде победник на претстојните локални избори, бидејќи повеќе од јасна е желбата на граѓаните, кои препознаваат континуитет и развој на овој град и сакаат Куманово да продолжи да се развива во тој дух“, изјави Димитриевски, кој синоќа со своите поддржувачи ја славеше победата во првиот круг.

Стојковски: „Време е за промена и ред“

Од друга страна, независниот кандидат Стојковски и граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“ порачаа дека граѓаните испратиле јасна порака за промена. „Со вашата поддршка покажавте дека верувате во нова, одговорна и чесна локална власт. Продолжуваме со уште поголема енергија во вториот круг, решени да ја донесеме големата победа за Куманово на 2 ноември“, напиша Стојковски.