На економски план во изминатите години СДСМ направи многу, ги покачивме платите и пензиите на историски највисоко ниво, успешно се справивме со енергетската криза, со кризата од ковид пандемијата, вративме 2,6 милиони евра назад кај граѓаните, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.

Постојано бевме рамо до рамо со граѓаните. СДСМ иднината на Македонија ја гледа во ЕУ, како горда членка. Затоа и досега направивме се што е можно тоа да се случи. После 17 години чекање започнавме преговори за членство во ЕУ и успешно го завршивме скрининг процесот. Не смееме сега да застанеме кога сме пред целта. Единствена надеж за подобра иднина е полноправно членство во Европската унија. За поголеми плати и пензии по европски стандарди, за функционален судски систем, за сите нови финансиски и суштински можности кои доаѓаат до членството во ЕУ. Нема друга алтернатива. Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ е целосно откажување од иднината. Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат – најголем доказ за тоа е хаосот што се случува во Скопје. Опасноста е да ја заглават земјата во изолација. Претстојните избори се најголемата шанса за да продолжи напредокот кон ЕУ со глас за СДСМ и коалицијата и да спречиме заканата од изолација на земјата со ДПМНЕ, истакнуваат од СДСМ.