СДСМ и ДУИ денес киднапираа пратеник за да можат да останат да крадат, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Денес сме сведоци на насилие врз народни избраници какво не е видено во современа Европа.

СДСМ држи во заложништво човек за да продолжат тендерите во РЕК, скапите набавки на струја, провизиите за вакцини.

СДСМ направи циркус од собранието за да продолжат со неодговорност за 14 живи изгорени луѓе во Тетово, за најголемата смртност од КОВИД во Европa.

СДСМ ја уби демократијата денес. Затоа сме на 111 место на листата на Транспаренси и уште ќе тонеме.,

Со СДСМ државата е заглавена со мафијашките кланови. Промените доаѓаат колку тоа и на мафијашите да не им одговара, и тие ќе се случат. А тогаш ќе има одговорност, велат од ВМРО ДПМНЕ.